Киев: Секое доцнење или прекин на американската воена помош само ќе ја охрабри Русија

од Milan1
13 прегледи

Секое доцнење или прекин на американската воена помош за Украина само ќе ја охрабри Русија да ја продолжи инвазијата, соопшти украинското Министерство за надворешни работи откако го повика на разговор американскиот вршител на должноста амбасадор во Киев.

„Украинската страна нагласи дека секое одложување или прекин на поддршката за одбранбените способности на Украина ќе го охрабри агресорот да продолжи со војната и теророт, наместо да бара мир“, стои во соопштението.

САД претходно објавија дека прекинуваат дел од испораките на оружје поради загриженост за сопствените намалени резерви, во време кога Русија ги засилува нападите врз Украина.

Советникот на претседателот Володомир Зеленски, Дмитро Литвин, изјави дека Киев се обидува да ја разјасни ситуацијата со Вашингтон. „Комуникацијата со американската страна продолжува на сите нивоа“, рече Литвин.

Украинското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека не било официјално известено за прекин на испораките и побара разговор со американските колеги за дополнителни појаснувања.

Слични содржини