Францускиот претседател Емануел Макрон ја одложи посетата на Украина која требаше да се одржи од 13 до 14 февруари, објави францускиот деловен неделник „Челинџ“, повикувајќи се на извор од Елисејската палата.
Според весникот, администрацијата на францускиот лидер го објаснува одложувањето на патувањето со безбедносни причини.
Се забележува дека откажувањето на посетата „покренало прашања кај украинските дипломати“, кои, како што пишува неделникот, „биле шокирани од оваа одлука“.
Патувањето во Киев го откажа и делегацијата на Движењето на француските претприемачи (МЕДЕФ), пренесува „Спутник“.
Новиот датум на посетата на Макрон на Украина се уште не е одреден.