Киев тврди дека не ги одбил преговорите со Русите: Подготвени сме, но под овој услов

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Откако Кремљ објави дека Владимир Путин наредил суспензија, а потоа ја рестартирал воената операција во Украина откако „Киев не прифатил преговори“, од Украина стигна порака дека не е точно дека нема да седнат на иста маса со Русија.

Според Претседателството, Украина не одбила преговори со Москва.

Советник во Претседателството изјави дека Украина е подготвена да преговара за прекин на огнот, но дека нема да прифати ултиматуми, пренесе SkyNews.

Во соопштението се наведува дека ова ќе се смета за „обид да се скрши Украина и да се принуди да прифати категорично неприфатливи услови“.

Слични содржини