Киев: Убиени 111 руски војници и уништени 17 возила

од Stefanija Kuzmanovska
265 прегледи

Украинските вооружени сили денеска објавија дека вчера убиле 111 руски војници на југот и на истокот на земјата, а проруските власти во делумно окупираниот украински регион Запорожје објавија дека Украина извршила напад со беспилотно летало врз тамошната нуклеарна централа, но дека реакторот не е оштетен, пренесува „Ројтерс“.

Неколку експлозии се слушнале и во текот на ноќта и утринава во јужниот регион Керсон, кој е под контрола на Русија, јави руската новинска агенција ТАСС.

Украинските војници во претходните 24 часа соопштија дека уништиле 17 возила, од кои некои биле оклопни и дека убиле повеќе од 100 руски војници.

Слични содржини