Киев: Убиени се повеќе од 7.000 руски војници

од Nikola Popovski
243 прегледи

Повеќе од 7.000 руски војници се убиени од почетокот на руската воена интервенција во Украина, додека стотици се заробени, вклучително и високи членови на армијата, тврди Олексеј Арестович, воен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој додаде дека рускиот воен командант бил префрлен во Белорусија откако бил тешко повреден, пренесе Ројтерс.

Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека за време на специјална воена операција во Украина загинале 498 руски војници, а 1.597 се ранети.

Слични содржини