Кифлички со кашкавал

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 500 мл млако млеко

– 3 лажички сол

– 3 лажички шеќер

– 3 шолји масло

– брашно по потреба

– 1 жолчка за премачкување

– путер

– 1 квасец

– сусам или ким по желба

Подготовка:

Во млакото млеко додадете една лажичка сол и шеќер, па квасецот и оставете го да отстои неколку минути на топло место.

За тоа време подгответе ги преостанатите состојки, додадете го стасаниот квасец и замесете тесто да не биде тврдо, туку да се одвои од вашите прсти.

Оставете го тестото да се удвои во големина и поделете го на три дела.

Врз тестото ставете го кашкавалот и свиткајте ги кифличките, па ставете ги во плех за печење. Оставете уште 10 минути и за тоа време премачкајте со жолчка од јајце и сусам или ким.

Пред печењето, на секоја кифличка ставете по една коцка путер и печете на 250 степени додека не поруменат.

Слични содржини