338
Состојки:
Тесто:
– 1 кг брашно
– 2 кесички сув квасец
– 500 мл топло млеко
– 250 мл пиво
– 4 лажици шеќер
– 1 лажичка сол
– 100 гр растопен путер
– 5 лажици масло
– 1 јајце
– сусам, лен, афион, ким, по желба
Подготовка:
Соединете ги сите состојки за тестото и изматете со миксер. Оставете го тестото на топло околу 60 минути.
Поделете го тестото на осум еднакви делови. Секој дел се витка во круг и се сече на осум триаголници. Обликувајте ги кифличките и ставете ги во голем плех обложен со хартија за печење – вкупно 64 кифлички.
Загрејте ја рерната на 200 степени. За тоа време кифличките премачкајте ги со изматено јајце, посипете со малку сол и семки по избор.
Печете околу 20 минути или додека не добијат убава боја.