Кифлички со сирење кои се приготвуваат за 30 минути

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Кифлички кои се готови за 30 минути.

Состојки:

(за 16 парчиња помали кифлички)

– 250 гр пченично брашно

– 125 гр свежо сирење (покремасто)

– 1 јајце

– 50 мл маслиново масло

– 50 мл млеко

– 3 лажички прашок за пециво

– половина лажичка сол

– сусам за посипување

Подготовка:

Во длабок сад измешајте брашно со прашок за пециво, додајте сол, измешајте и додајте свежо сирење, па повторно сè убаво измешајте.

Во сад се одвојуваат белките (жолчките се оставаат за премачкување), се мати со вилушка, па се додаваат млекото и маслиновото масло во садот, па се меша убаво.

Додадете го тоа во садот со брашното и сирењето, па со раце замесете мазно, меко тесто. Ако тестото се залепи, додадете уште малку брашно.

Расукајте го тестото во круг (35×40) па потоа исечете го на 16 триаголници. Секој триаголник расукајте го од поширокиот кон потесниот дел (можете и да ги наполните), па ставете ги на плех покриен со хартија за печење.

Премачкајте ги со жолчка измешана со лажица млеко. По желба посипете со сусам.

Ставете ги во загреана рерна на 180 степени и печете 25 до 30 минути.

Кога ќе ги извадите кифличките од рерна покријте ги со крпа, а кога ќе се изладат префрлете ги во сад со капак за да останат свежи.

Слични содржини