Кијану Ривс и Сандра Булок би сакале да работат на продолжение на нивниот акционен трилер

од Vladimir Zorba
2,K прегледи

Кијану Ривс и Сандра Булок беа гости на поткаст, каде што изразија желба повторно да соработуваат и да снимаат продолжение на „Speed“ пренесува Variety.

Акциониот трилер на Јан де Бонт, стана четвртиот филм со најголема заработка во 1994 година (350 милиони долари ширум светот). За успехот придонесе и големата хемија помеѓу Ривс и Булок. По „Speed“, дуото повторно соработуваше во 2006 година, на романтичната драма „The Lake House“.

Ривс за време на заедничкото интервју изјави дека тој и Булок ќе бидат одлични во „Speed 3“, а Булок додаде дека би сакала повторно да соработуваат.

„Пред да умрам, пред да ја напуштам оваа планета, мислам дека јас и Кијану треба да снимаме нешто. Дали ќе бидеме во инвалидски колички? Можеби. Дали ќе бидеме на мали скутери во Дизниленд?“

„Се чувствувам како да слушам повик на сирена, како да има нешто што не сум направил“, додаде Ривс. „Би сакал повторно да работам со тебе пред да ги затвориме очите за последен пат“.

И покрај нивната одлична хемија, Булок и Ривс не се појавија заедно во „Speed 2“, но Ривс одби да се врати бидејќи не му се допаднало сценариото.

Булок подоцна зажали за нејзината одлука бидејќи филмот стана критички и комерцијален неуспех.

„Сè уште ми е непријатно што бев дел од тоа“, рече Булок во 2022 година, во интервју за TooFab.

Слични содржини