172
Раперот Килер Мајк, чие вистинско име е Мајкл Рендер, е уапсен на доделувањето на „Греми“ наградите откако освои три признанија, соопшти полицијата во Лос Анџелес.
Во видеото што кружи на интернет, Мајк со лисици на рацете е однесен од полицајци од салата каде што се доделуваа наградите. Портпаролот на полицијата, Мајк Лопез изјави дека раперот бил уапсен по расправија на самото место. Медиумите пишуваат дека раперот удрил чувар кој работел како обезбедување.
На 66-тото доделување на „Греми“ наградите, тој ги доби одличјата за најдобар рап-албум за „Michael“, рап-изведба и рап-песна за „Scientists & Engineers“.
Музичарот е пуштен на слобода и треба да се појави пред Судот на 29 февруари. с