Килијан Марфи повторно во улогата на Томи Шелби: Се снима филм кој ќе стави крај на „Peaky Blinders“

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Стивен Најт, креаторот на светски познатата серија „Peaky Blinders“, најави дека Килијан Марфи ќе се врати во главната улога во филмот кој ќе ја заокружи приказната за бандата од Бирмингем.

Најт изјави дека снимањето ќе започне во септември оваа година, пренесува Variety.

Марфи, кој во последниве месеци го промовираше филмот „Опенхајмер“ за кој доби Оскар за најдобар главен актер, често во интервјуата споменува дека би сакал да му се врати на Томи Шелби.

„Ако остане уште повеќе од таа приказна, би сакал да го направам тоа. Но мора да биде точно. Стив Најт напиша 36 часа телевизија и тргнавме на високо ниво. Навистина сум горд на последната сезона. Мора да се оправда и легитимно е да се снима повеќе“, изјави актерот за Ролинг Стоун минатата година.

Тој пред освојување на наградата Оскар изјави и дека „секогаш ќе биде таму“ да снима филмови и серии според сценариото на Најт, бидејќи „тој е толку феноменален писател“.

„Ако сакаме да го гледаме 50-годишниот Томи Шелби, јас ќе бидам таму. Ајде да го направиме тоа”, изјави Марфи за Irish Star.

„Peaky Blinders“ беше премиерно прикажан на друг канал, Би-Би-Си, но неговата популарност достигна светски размери откако почна да се прикажува на Нетфликс.

Последната епизода се емитуваше во април 2022 година, но дури и тогаш Најт беше отворен за неговите планови да сними филм, па дури и „приквел“.

„Знам кои две приказни ќе ги раскажам. Она што го знаеме е дека некој ќе се појави и мислам дека знам кој ќе биде“, изјави креаторот на серијата за Esquire, уште пред да се емитуваат последните епизоди.

„Peaky Blinders“ беше премиерно прикажан на мрежата на BBC во 2013 година и оттогаш освои бројни награди. Покрај Марфи и Том Харди, во серијата глумеа Сем Нил, Ања Тејлор Џој, Анабел Волис, Адриен Броди и многу други.

Слични содржини