Новиот режим на гранично работење на грчката граница предизвика метеж на возила.
Вечерва во 19 часот, камиони, цистерни, шлепери и други товарни возила, упатени кон Граничниот премин „Богородица“, создадоа редица која завршуваше некаде кај делницата за Мрзенци.
Грчките власти воведоа нова мерка за влез во нивната земја, односно брзи ПЦР тестови за сите возачи на камиони на граничните пунктови.