Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на актуелниот состанок на владејачката Работничка партија ги претстави воените цели на Северна Кореја за 2023 година, објави корејската новинска агенција KCNA.
На вториот ден од шестиот проширен пленарен состанок на Осмиот Централен комитет на партијата, Ким разговарал за „новосоздадената предизвикувачка ситуација“ на Корејскиот полуостров и за поширокиот политички контекст, се вели во извештајот објавен од централниот комитет на Работничката партија, пренесе „Ројтерс“.
Ким им претстави на сопартијците нова „насока за борба против непријателот“ и цели за зајакнување на одбранбената моќ, се додава во извештајот.