На последниот состанок на владејачката Работничка партија на Северна Кореја можело да се види колку драматично ослабел лидерот Ким Џонг Ун.
Комунистичките власти, наводно, велат дека тој е на диета „поради неговата земја“.
Севернокорејскиот лидер цела недела претседавал со пленарниот состанок на владејачката Работничка партија.
Иако тој често ги користи таквите состаноци за да објави важни политички одлуки, обично во врска со нуклеарната програма на земјата или нејзините односи со Јужна Кореја или САД – овогодинешниот собир, според владините претставници, имал прилично нејасна цел „да се бори против нашата партија и народот следната фаза на победа“, пренесува „Раша Тудеј“.
Иако Ким не дал јавна изјава од почетокот на состанокот во понеделникот, фотографиите од севернокорејскиот лидер го привлекоа вниманието на јавноста поради неговото очигледно нагло слабеење.
🚨| NEW: Kim Jong-Un pictured looking much slimmer pic.twitter.com/fiSfcsoxeG
— Politics For All (@PoliticsForAlI) December 29, 2021
Ким е висок околу 170 сантиметри и тежел 130 килограми, според проценките на Јужна Кореја. Сепак, од почетокот на оваа година Ким постојано слабее, а севернокорејските државни медиуми во јуни ја изразија загриженоста на нацијата што лидерот изгледа толку „слабо“.
Разорните поплави и проблемите со снабдувањето поради пандемијата, наводно, предизвикаа недостиг на храна во Северна Кореја, а затворањето на границата со Кина дополнително го влоши проблемот. Се чини дека владата го призна проблемот, велејќи дека Ким јаде помалку „за својата земја“, според некои западни медиуми.
Некои претходни извештаи на западните медиуми тврдеа дека Ким ги предупредил своите граѓани во текот на летото да се подготват за тешкотии, споредувајќи ја ситуацијата во земјата со времето на економската криза и глад од 1990-тите.