Ким Џонг-ун пристигна во Русија на разговари со Путин

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун утринава пристигна во посета на Русија, каде треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Ким пристигна на посетата заедно со највисоките воени претставници кои раководат со фабриките за оружје и муниција, објави АП.

Средбата меѓу Путин и Ким ќе се одржи на далечниот исток на Русија, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Слични содржини