Ким Кардашијан шокираше блиски со веста дека сака трето дете. Во епизода на шоуто “Keeping Up With the Kardashians”, таа сподели со роднините: “Мислам да си направам операција на матката, за да родам уште едно бебе. Но, тоа не е ли убаво? “.
Прашањето ја уплашило мајка ѝ Крис Џенер која со ужас почнала да ѝ објаснува колку ризици крие слично решение за здравјето, пишува OK Magazine. Сведоци на случката станале и нејзините сестри Кортни и Клои.
Всушност ваквата одлука е доста мистериозна за светската дива која неодамна категорично одбиваше да му подари трето дете на сопругот Кание. На него таа објаснуваше дека преживеала многу тешка втора бременост, а рекреативниот период по раѓањето ѝ одзел доста време и сили.
Исто така пред некое време Ким ги објаснуваше на долго и на широко проблемите на женските делови кои можат да го загубат шармот за време на бременоста. Сега сепак овие теми очигледно не се релевантни.
Кание Вест и Ким Кардашијан имаат две деца – 3-годишна ќерка Норт и 15-месечниот син Сент.