Ким Кардашијан и Кание Вест добија второ дете во декември, а раперот веќе прави планови за трето. За жал, љубената е на сосема различно мислење и категорично одбила да раѓа повторно. Блиски до ѕвездата издадоа пред RadarOnline дека таа била во постпородилна депресија најмногу поради формата на телото и не сакала да слушне за нова бременост.d89a6ceda6c35862678ec34fdbf2ea37

“Кание смета дека таа не треба да носи категорично решение за нивните идни бебиња, бидејќи тој многу се надева на трето. Но Ким е категорична дека нема да раѓа повторно “, изјави изворот пред медиумите.

Меѓутоа големата желба на Вест да има уште деца од својата сопруга,  практично може да биде невозможна и од медицински причини. Лекарите ја предупредиле Ким дека тоа најверојатно нема да може да износи уште едно бебе, бидејќи и двете нејзини бремености беа тешки и кај нив плацентата  беше срасната со матката, што е прилично опасно како за плодот, така и за идната мајка.

Сепак Кардашијан имала алтернативно решение – сурогат мајка, со која сепак никако нема да ужива нејзиниот сопруг.

“Тој сака да го продолжи нивниот род, но не сака да ги користат услугите на сурогат мајка за целта. И сепак можеби нема да има друг избор, бидејќи Ким сака да се подложи на постапка за врзување на фалопиевите цевки “, додаде изворот.