Иако на фотографиите секогаш изгледа дотерано и средено, Ким Кардашијан објави видео на кое докажува како изгледа подготовката зад изгледот и тимот кој стои зад неа.
На социјалните мрежи сподели како го облекува латекс костумот, но баш и не и оди. Обожавателите коментираа дека старлетата им е симпатична како прави бројни гримаси и извикува непристојни зборови.
– Сакам кога си вака природна и опуштена, а не восочна кукла со испеглано лице – гласеле коментарите.
Неколку помошници ѝ помагале да ја „пикнат“ Ким во латекс оделото, а друштво и прави сестра и Кортни која, судејќи по снимките, го имала истиот проблем.
Популарните сестри во тоа издание се појавија во Париз, веднаш по ревијата на Балман за време на модната недела, а и двете парчиња се од најновата колекција на споменатиот бренд.