Ким го поканила Канје на божиќната забава, но и нејзиното ново момче: „Не сакам никаква драма…“

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (41) се обидува да остане во пријателски односи со поранешниот сопруг, раперот Канје Вест (44), а многу пријатели на Кардашијан тврдат дека тоа го прави исклучиво поради нивните деца.

Сепак, врската на Кардашијан со нејзиниот поранешен сопруг дополнително се комплицира поради нејзината врска со актерот и комичар Пит Дејвидсон (28).

Ким го покани Канје на традиционалната божиќна забава на нејзината мајка Крис Џенер, но и новопеченото момче кое пред Кардашијан беше со многу познати девојки.

„Не сакам никаква драма на собирот“, рече Ким, која неодамна продолжи откако Канје постојано ја молеше да му се врати, дури и јавно.

– Канје е добредојден на забавата, сепак е дел од семејството. Моментално не се согласуваат и тешко можат да бидат заедно во иста просторија – рекле нејзините пријателки и додале дека Ким е фокусирана на заедништвото исклучиво поради децата, но сепак малку потешко функционираат.

Ким го поканила Дејвидсон како морална поддршка на прославата на Божиќ, но на своите пријатели им нагласила дека не сака драма меѓу поранешниот и сегашниот партнер.

Слични содржини