Ким Кардашијан на социјалната мрежа Инстаграм објави дека нејзиниот козметички бренд ќе престане да работи на почетокот на август.
Риалити sвездата одлучи нејзиниот тим и таа да лансираат нов бренд, што ќе биде нешто сосема друго.
– Многу сум возбудена од проширувањето на понудата, така што конечно ќе видите сè за што отсекогаш сум сонувала – објасни Ким.
Козметичките линии се нудат во последните четири години, за време на кои Ким го прошири својот бизнис во модната индустрија.
– Ви благодарам што бевте со мене на ова неверојатно патување – напиша таа и додаде дека наскоро ќе излезе со нов бренд.
Таа исто така истакна дека сака да развива производи со нови и посовремени формули, додека пакувањето ќе биде целосно иновативно.
Сепак, обожавателите се сомневаат во целата приказна и претпоставуваат дека Ким го прави ова со цел да ја отстрани првата буква од презимето на нејзиниот поранешен сопруг, Канје Вест, од марката.
– Ким, знаеме дека само сакаш да го извадиш „W“ од името на брендот и ние целосно те разбираме – напиша една жена, а друга додаде дека целта е очигледна и дека можела да стори се на друг начин: „Не мораше да ја укинеш целата марка заради една буква, ја исфрлаш и готово“.
Ким не откри кога новиот бренд ќе го види светлото на денот, но вети дека фановите нема да чекаат долго.