Ким Кардашијан и Канје Веат уживаат во благодетите на својот луксузен имот на Хиден Хилс, кој експертите за недвижнини го проценуваат на 60 милиони долари, а во својот футуристички дом ги пуштија новинарите од американскиот магазина Architevtural Digest.
Парот, за купување, а потоа и реновација потрошил милиони и неколку години време. Ким и Канје во својот дом одговарале на прашања за целиот процес и резултатите, а магазинот помпезно најави како имаат пристап до домот на познатиот пар и го карактеризираа како „место за живот кое ги поместува границите“.
– Бев бремена во тоа време. Тој имаше куќа во Лос Анџелес, а јас имав куќа на Беверли Хилс. Ниту една од нив не беше баш фамилијарна. Еден ден се шетавме и му реков дека ми се допаѓа оваа куќа и имот, а тој се согласи. Тоа беше голема работа бидејќи нему ништо не му се допаѓа.
Парот зборуваше за своите два базена кои ги има вилата, а во која вложиле 50 илјади долари. Всушност, Ким во нив нема ниту влезено.
– Кога последен пат се капеше во нашиот базен? – ја праша Канје сопругата, на што Ким се насмевна призна дека ниту еднаш.
Иако базенот многу и се допаѓа, објаснила Ким, а гледачите револтирано заклучиле дека се работи за класичен „проблем“ на богаташите.