Ким Јo Џонг до министерка на Јужна Кореја: Нема да ги заборавиме нејзините зборови, ќе сноси последици

од Stefanija Kuzmanovska

Ким Јo Џонг, сестра на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, денеска остро ја критикуваше министерката за надворешни работи на Јужна Кореја, кој се сомневаше во извештаите испратени од Пјонгјанг, каде што се наведува дека нема случај на коронавирус, и предупреди на потенцијалните последици од таквите коментари.

Јужнокорејската министерка Канг Кјунг-ва рече дека е тешко да се поверува дека Северна Кореја нема жаришта на коронавирусот на нејзината територија, додавајќи дека северните соседи не одговориле на прашањето за соработка за заедничка борба против пандемијата, пренесе АП.

Ким Јо Џонг одговори преку државните медиуми.

– Од нејзините непромислени изјави, без размислување за последиците, се добива впечаток дека сака да ги замрзне веќе студените односи меѓу Северна и Јужна Кореја. Нејзината намера е многу јасна. Нема да ги заборавиме нејзините зборови и можеби ќе мора да сноси последици поради тоа – изјави сестрата на првиот човек на Северна Кореја.

Јужнокорејската министерка за надворешни работи на форумот во Бахреин во саботата рече:

– Тие сè уште тврдат дека немаат случаи, што е тешко да се поверува. Сите сигнали укажуваат дека режимот интензивно се бори за контрола на вирусот, за кој рекоа дека го немаат.

Слични содржини