Ким Јонг Ун ѝ нареди на војската да ги забрза подготовките за војна

од Stefanija Kuzmanovska

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ѝ наредил на војската, индустријата за муниција и секторот за нуклеарно оружје да ги забрзаат воените подготовки за да се спротивстават на „невидените конфронтирачки потези на САД“, објавија севернокорејските државни медиуми.

Ким нагласи дека Северна Кореја ќе ја продолжи соработката со „антиимперијалистичките земји“, вклучително и Русија, додека Вашингтон го обвинува Пјонгјанг дека обезбедува оружје кое ѝ помага на Русија во конфликтот во Украина, пренесува „Ројтерс“.

Севернокорејскиот лидер ги наведе и економските цели за следната година, нарекувајќи ја „одлучувачка година“ за постигнување на петгодишниот план за развој на земјата.

Слични содржини