Ким Јонг Ун добива заменик?

од Stefanija Kuzmanovska

Владејачката партија на Северна Кореја ги смени правилата со цел да постави заменик на лидерот Ким Јонг Ун, кој сака да ја обнови внатрешната политика.

Јужнокорејската новинска агенција „Johnap“ се повика на неименуван извор од Северна Кореја, кој вели дека во иднина „првиот секретар“ ќе ги води состаноците во име на Ким Јонг Ун.

Ким ја утврди својата позиција на конгресот на Работничката партија на Кореја во јануари, кога беше избран за генерален секретар и ја презеде титулата што ја имаше неговиот покоен татко.

Сега, Ким Јонг Ун сака владата да има поголема улога во владата, во споредба со военото владеење спроведено од неговиот татко, пренесува „Ројтерс“.

Минатата година јужнокорејски пратеник рече дека разузнавачката служба во Сеул го навела да верува дека сестрата на Ким, Ким Јо-Јонг, е прв заменик-лидер на Северна Кореја.

Слични содржини