Лидерот на Северна Кореја побарал од генералитета “интензивно спроведување на маневри”

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун издал наредба за “интензивно спроведување на маневри на Корејската народна армија”, јави ТАСС. “Војниците треба да одржуваат подготовка во услови максимално блиски до борбените”, изјавил Ким Џонг Ун. Севернокорејскиот лидер, исто така, го повика раководството на армијата на Северна Кореја “да заврши со формалните и стереотипни пристапи кон спроведување на вежби, за да обезбедат подготвеност за сурова и тешка војна “.