252
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во честитката до рускиот претседател Владимир Путин по повод Денот на победата изразил „цврста солидарност“ на неговата земја со Русија, пренесува Јонхап, повикувајќи се на севернокорејските медиуми.
Ким му ја честитал на Путин годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Во пораката на севернокорејскиот лидер се изразува силна солидарност со целта на рускиот народ да се „искорени политичката и воената закана“ и „уцена на непријателските сили“ и да се заштитат достоинството, мирот и безбедноста на земјата.