Ким како Џејмс Бонд: Севернокорејска ТВ репортажа која мора да ја видите (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
291 прегледи

Севернокорејска телевизија емитуваше прилог за тестирање на нов тип интерконтинентални балистички ракети, кои Ким Џон Ун и неговата придружба ги претставија како суперхерои.

Споменатото лансирање ракети се случи во четвртокот, но државната телевизија за тоа објави ден подоцна. Ова не е невообичаено во Северна Кореја, но извештајот што беше емитуван е невообичаен на многу начини.

Наместо извештај во кој говорникот ќе го прочита одобрениот текст, овој пат Ким е прикажан како Џејмс Бонд кој драматично гледа во часовникот, со бавни или брзи секвенци додека чекори со официјални лица.

Инаку, проектилот лансиран од Северна Кореја е Хвасонг-17 (Хвасонг-17), нова интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ).

Станува збор за ракета која за прв пат беше претставена на воената парада во 2020 година, каде нејзината големина, која се опишува како колосална, ги изненади дури и искусните аналитичари.

Ова е прво лансирање на севернокорејски интерконтинентални балистички ракети од 2017 година, што е кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Податоците од летот сугерираат дека проектилот летал подалеку и подолго од кој било претходен тест, пред да се урне во морето западно од Јапонија.

 

Слични содржини