Ким Кардашијан, Џенифер Лопез и Опра Винфри беа гости на забавата на прославата на 25-годишнината од успешниот бизнис на нивната шминкерка.
На големата прослава беше присутен „кремот“ од холивудскиот џет-сет, меѓу кои беа Ким Кардашијан, Џенифер Лопез и познатата Опра Винфри. Затоа, не е чудно што сите погледи на светот беа насочени кон фотографиите на социјалните мрежи.
Прекрасно селфи објави прво Џеј Ло, а потоа и Ким Кардашијан. Сепак, разликата беше очигледна и предизвика бура од реакции во медиумите.
Џенифер Лопез прво објави фотографија со Опра и Ким на Инстаграм, а по неа истото го направи и Ким Кардашијан. Во своите приказни на Инстаграм, ријалити ѕвездата го објави своето селфи со Опра, но овој пат без Џеј Ло.
Ким Кардашијан ја „отсече“ Џенифер Лопез од заедничка фотографија, поради што многумина размислуваат за односот меѓу двете.