Ким Кардашијан ангажираше МОДНА ИКОНА да го рекламира нејзиниот бренд

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Ким Кардашијан има ново лице за својот бренд за долна облека и не можеше да избере подобра личност за тоа.

Имено, Кејт Мос е новото заштитно лице на брендот Ким Кардашијан. Риалити sвездата објави на својот Инстаграм фотографии од британската модна икона, како и комплименти на сметка на згодната 47-годишна дама.

Кејт покажа дека со право важи за еден од најдобрите супермодели на сите времиња, а за потребите на оваа кампања позираше во предизвикувачки пози кои го истакнаа нејзиниот сексапил и вродена елеганција.

– За прв пат ја запознав во 2014 година преку Рикард Тиши и веднаш ме освои нејзината смела смисла за хумор, автентична и класична убавина и оттогаш сме пријателки. Таа е модна икона, некој што дефинира цела генерација на стил и горда сум што можам да ја претставам како ново лице за ова лето – напиша Ким до фотографиите.

Инаку двете се запознаа уште во 2014 година на Ибица на 40-от роденден на дизајнерот Рикардо Тиши, по што беа видени заедно во повеќе наврати.

Слични содржини