Ким Кардашијан губи следбеници на Инстаграм поради Меланија Трамп

од Nikola Popovski
791 прегледи

Ким Кардашијан изгуби дури 150.000 следбеници на Инстаграм и сето тоа поради Меланија Трамп. Имено, познатата старлета до сега јавно не ги искажуваше своите политички ставови, но во последните денови почна да споделува содржини со политички призвук. Така, деновиве таа сподели фотографија од Меланија Трамп, првата дама на САД, поради што загуби огромен број следбеници.

Оваа објава на старлетата предизвика лавина реакции, а многу коментари беа негативни. За само неколку минути дури 150.000 луѓе решиле да ја отследат, пишува Дејли Мејл.

Во моментов, Ким има околу 358 милиони следбеници на нејзиниот Инстаграм профил. Според маркетинг агенција специјализирана за инфлуенсери, овој пад се смета за „загрижувачки“.

Ким сè уште јавно не кажала кого поддржувала на изборите – Доналд Трамп или Камала Харис. Сепак, некои веруваат дека сега работите се појасни. Од друга страна, многумина истакнуваат дека Ким само сакала да комплименти за модниот избор на Меланија.

За потсетување, Кејтлин Џенер, поранешната партнерка на мајката Ким Кардашијан, се соочува со бурни реакции поради присуството на бал во знак на поддршка на Доналд Трамп.

Џенер, која јавно се декларираше како трансродова жена во 2015 година, често ја користи својата платформа за споделување ставови за социјалните прашања и за истакнување на нејзиното долгогодишно пријателство со Трамп. Сепак, нејзината отворена поддршка за претседателот, чија политика е насочена кон ограничување на правата на трансродовите лица, предизвика лавина негативни реакции.

Слични содржини