Ким Кардашијан има нова симпатија

од Nikola Popovski
580 прегледи

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан призна дека има нова симпатија за време на појавувањето на подкастот на Хејли Бибер.

На прашањето на манекенката која е нејзината моментална љубов, Ким Кардашијан одговори дека таа не знае за нејзините чувства.

– Некако сакам да се оствари. Сепак, деновиве повеќе ја сакам приватноста, рекла Ким и решила да се напие од текилата 818 на нејзината сестра Кендал Џенер наместо да го открие идентитетот.

Ким последен пат беше поврзана со Пит Дејвидсон, со кој почна да се забавува во 2021 година. Романсата доаѓа неколку месеци откако таа поднесе барање за развод од Канје Вест по шест години брак. Сепак, врската на парот не ја дочека првата годишнина.

– Тоа беше пријателско раскинување. Малку се зборувашд за тоа раскинување. Не беше ненадејно и беше заедничка одлука, изјавил извор по нивното раскинување.

Подоцна во шоуто, Кардашијан зборувала за тоа како сега размислува за врските и чувствата. Таа открила дека чувствува „многу вина“ по разделбата со Пит и се надева дека повторно ќе ја најде љубовта во иднина.

– Некогаш во чувствата одам напред-назад. Кој некогаш ќе посака да излезе со мене? Имам четири деца, имам четириесет години, кој сака да се занимава со толку драма. Така да само ја чекам таа личност, рекла Ким.

Слични содржини