Ким Кардашијан ја осуди „азербејџанската агресија“

од Vladimir Zorba

Риалити sвездата и претприемачка Ким Кардашијан ги искористи своите профили на социјалните мрежи за да едуцира милиони свои следбеници за тековните непријателства меѓу вооружените сили на Артсак и Азербејџан.

„Ерменците во Артсак се нападнати. Се молиме за храбрите мажи и жени кои ги ризикуваат своите животи за да ги заштитат Артсак и Ерменија. Веста е погрешна, не станува збор за „конфликти“, порача Кардашијан на Твитер.

Таа додаде дека Ерменија е жртва на „неиспровоцирани напади од Азербејџан“ и „предвидливи кампањи за дезинформација“.

„Азербејџан ги блокира социјалните медиуми, освен воената пропаганда“, нагласи таа.

Кардашијан ги повика своите следбеници да ги убедат Белата куќа и Конгресот да го осудат азербејџанскиот напад врз Артсак и сподели врска што води до петиција за „осуда на агресијата на Азербејџан“.

„Потребни ни се меѓународни набудувачи да истражат и да повикаат на меѓународни политички и дипломатски мерки за да се спречи непотребна ескалација и трагедија“, забележа таа.

„Повикајте го Баку да престане со насилната употреба на сила, да ја запре целата американска воена помош за Азербејџан што се користи против Ерменците и да ја предупреди Турција да престане да испраќа оружје и борци во Баку“, рече таа во друг твит.

Слични содржини