Ким Кардашијан ја послуша мајка си и го „заведе“ поранешниот вереник на Џеј Ло

од Nikola Popovski
387 прегледи

Иако сè уште официјално не се разведе од раперот Канје Вест, се чини дека најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, веќе пронајде нова љубов.

Имено, станува збор за Алекс Родигез, поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, а како што пишува „Мирор“, Ким за ова била убедена од нејзината мајка Крис Џенер.

Се пишува дека тие двајца биле во контакт последните месеци и сериозно размислуваат за врска, со оглед на тоа што Ким бара некој што ќе може „да ѝ парира кога станува збор за статусот и финансиите“.

Крис Џенер верува дека Ким и Алекс се новиот „златен пар на Америка“.

„Ким не е од типот на Алекс, но тој сака да најде позната девојка за да ѝ се спротивстави на Џенифер, која е во врска со Бен Афлек. Покрај тоа, Ким е помлада од Џеј Ло и Алекс е импресиониран што она сака да стане адвокат “, изјави извор за „Хит“, додавајќи:

„Рано е, но изгледа како да се загреани едни за други“.

Сепак, други извори блиски до семејството Кардашијан-Џенер тврдат дека Ким и Џеј Ло се добри пријателки и дека нема шанси овие тврдења да бидат точни.

Од друга страна, додека Лопез ужива со старата љубов, Бен Афлек, поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, раперот Канје Вест е во врска со Ирина Шајк.

Фото: Getty Images

Слични содржини