Ким Кардашијан во специјалното шоу што се емитуваше само една недела по последната епизода од семејното реално шоу „Keep it up with Kardashians“ изјави дека никогаш нема јавно да ги открие причините поради кои се разведува од Канје.
На прашањето од водителот на емисијата зошто пропаднал нејзиниот брак со Канjе, таа имаше јасен одговор.
„Мислам дека не би ги кажала причините пред камерата, но тоа не е една работа што тој или јас ја направивме. Ова се разлики во мислењата и некои од работите што доведоа до оваа одлука. Не сакам никој да мисли дека не сум се посветила на тоа, или дека не се обидов. Имаме четири деца. Тие повеќе би сакале да ги гледаат своите родители заедно. Јас и сама го доживеав тоа “, мирно истакнала Ким, опкружена со своето семејство.
Таа исто така раскажала за нивната моментална врска и откри дека секогаш ќе биде обожавателка на Канје.
„Заедно многу се грижиме за децата. Го ценам тоа. Како прво, тој ми беше пријател долго време. Тоа нема да исчезне. Јас секогаш ќе бидам неговиот најголем обожавател. Тој е татко на моите деца. Канје секогаш ќе биде семејство“, завршила Ким со тажен глас.