Ким Кардашијан: „Луѓето не знаеја која е Мерлин Монро додека не го облеков нејзиниот фустан“

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан даде прилично бизарна изјава за единствената Мерлин Монро, откако го облече нејзиниот фустан, кој стекна слава кога Монро во него ја отпеа „Среќен роденден, господине претседател“.

Да потсетиме дека Кардашијан предизвика голема врева откако се појави на Мет Гала облечена во фустанот во кој Монро пееше пред Џон Кенеди во 1962 година за неговиот роденден. Покрај тоа што доби критики за нејзиното екстремно слабеење – за да се „вклопи“ во фустанот, многумина ја нападнаа затоа што се појави приказната и како го уништила култниот фустан.

Сега приказната се врати во фокус бидејќи Кардашијан изјави дека некои луѓе не знаеле која е Монро пред да го облече фустанот.

Говорејќи во емисијата Today Show, водителот и рече на Кардашијан: „Рековте дека дознавте на TikTok дека некои луѓе не ни знаеле која е Мерлин Монро додека не го облечете фустанот“. Кардашијан одговори: „Тоа беше најшокантното нешто за мене и затоа бев среќна што ја имав таа можност за Монро да продолжи да живее“.

Монро носеше тесен фустан во Медисон Сквер Гарден на 19 мај 1962 година, само три месеци пред нејзината смрт.

Ким исто така тврди дека фустанот останал неоштетен.

Слични содржини