Ким Кардашијан откри како започнала врската со Пит: „Само сакав забава, но…“

од Stefanija Kuzmanovska
422 прегледи

Ким Кардашијан проговори за врската со Пит Дејвидсон.

Веста за љубовната врска меѓу Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон ја шокираше целата јавност ширум светот. Многумина коментираа дека на овој начин Ким го повредува својот поранешен сопруг Канје Вест, како и дека оваа љубов нема да трае, но тие двајцата ги негираа сите овие наводи.

Многу се шпекулираше за нивното запознавање, но и за тоа како тие двајца се сложуваат воопшто, а Ким сега ги откри сите детали во најновата епизода на „Кардашијан“. Таа призна дека токму таа го направила првиот чекор, откако заедно биле дел од скеч на емисијата што ја водела.

-Вака почна со Пит, водев емисија, се бакнавме и се случи хемија.

Кардашијан откри и дека ја погодило тоа што тој не се појавил на нејзината забава, па решила да го „прогони“.

– Му се јавив на продуцентот на шоуто и го прашав за бројот на Пит, тој ми го испрати, а јас веднаш му испратив порака, не мислев дека ќе завршиме во врска.

Поради семејството и се што се случувало сакала се да остане на ниво на забава и комбинација, но на крајот се заљубила во него.

Како што вели и самата, обожава да прави едноставни работи со него, како што се одење во теретана и гледање телевизија.

„Пит е сигурно најдоброто суштество што сум го сретнала.

Слични содржини