Ким Кардашијан позираше практично гола и ја запали фантазијата на обожавателите

од Vladimir Zorba

Ким Кардашијан ја запали фантазијата на обожавателите откако позираше во хеланки кои скоро совршено одговараат на бојата на нејзината кожа, поради што на многумина им изгледаше дека е гола.

40-годишната ријалити sвезда ја промовираше својата нова линија облека, а за фотографијата што ја објави на Инстаграм, доби над 5 милиони лајкови.

Фотографијата доаѓа по веста дека Ким поднела барање за развод од музичарот и неодамнешниот кандидат за претседател на САД, Канје Вест, со кого е во брак 7 години.

Барањето, според Entertainment Tonight, е поднесено поради „непомирливи разлики“ меѓу парот.

Ким и Канје имаат четири деца, ќерките Норт (7) и Чикаго (3) и синовите Сент (5) и Псалм (21 месец).

Слични содржини