Ким Кардашијан се допишувала со претседателот на ФИФА, тој ги сподели приватните пораки

од Nikola Popovski
279 прегледи

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ја најавил соработката со американската ријалити ѕвезда, Ким Кардашијан, прикажувајќи ја на необичен начин.

Инфантино прикажал видео од неговата приватна порака испратена до жената која ја следат од повеќе од 360 милиони луѓе на Инстаграм, повикувајќи ја на тој начин да биде гостинка на натпреварите на Светското првенство.

Следното Светско првенство ќе се игра на американскиот континент во Мексико, САД и Канада во 2026 година, па Кардашијан била поканета на натпреварите.

„Здраво, Ким! Знам дека неодамна уживаше на некои натпревари, па отааму би сакале да дојдеш на Светското првенство на ФИФА, Северна Америка 2026 година?! Наскоро ќе бидат објавени големи најави“, напишал Инфантино.

Кардашијан ја видела пораката на Инфантино и му ветила дека ќе биде на Светското првенство.

„Ќе биде одлично, ќе бидам таму“, одговорила Ким, чие присуство сигурно ќе влијае на популарноста на Мундијалот.

Слични содржини