333
Новата милијардерка, старлетата Ким Кардашијан, на социјалните мрежи се пофали со нов дијамантски ѓердан вреден дури 150.000 долари.
Ким направи селфи во деколтирана сива маица и покажа скапо парче накит направен за неа од Jay Feder Jewelers, познат по тоа што е еден од најпопуларните златари во светот.
Иако многумина првично шпекулираа дека ѓерданот вреди 40.000 американски долари, неговата вистинска вредност е скоро четири пати поголема од износот што првично бил понуден.