Ким Кардашијан сподели фотографии од семејната крштевка во Ерменија

од desk4
347 прегледи

Ким Кардашијан Вест нема да го заборави искуството кое го имаше во Ерменија заедно со семејството. Таа сподели фотографии од нејзе и ќерка ѝ Норт (6) како стојат во катедралата пред олтарот, додека чекаат да бидат крстени.

Ким е облечена во долг тесен фустан во „сирена стил“ додека Норт е во дводелен бел комплет искомбиниран со масивно ланче од сјајни монистри.
„Ерменија ти благодарам за гостопримството за моето семејство и мене, ова беше незаборавно патување. Се чувствувам благословено што имав можност да бидам крстена заедно со моите деца во најубавата катедрала, која некогаш ја нарекуваат Ватикан на Ерменската апостолска црква.“ – напиша Ким.
И додека не е јасно дали Норт – која претходно, на 22 месеца, беше крстена во Ерусалим- повторно учествуваше во церемонијата крштевање, потврдено е дека трите најмали деца на Ким и Кање Вест беа крстени во понеделникот.
На крштевката Ким беше придружена од сестра ѝ Кортни и нејзините три деца. Кање беше отсутен од настанот.

Слични содржини