Раперот Дрејк наводно ѝ „фрлил око“ на Ким Кардашијан, тврди негов близок извор за Heat. Изворот тврди дека Дрејк се надева на прилика кај Ким штом официјално се разведе од Канје Вест, со кого има четири деца.
„На Дрејк никогаш не му беше јасно што Ким гледа во Вест. Со години велеше дека тој не е за неа и дека Ким ќе заврши во солзи“, рекол изворот и додал дека Дрејк започнал да ѝ испраќа пораки на Ким веднаш штом слушнал дека таа поднела барање за развод во февруари.
„Тој беше изненаден од тоа што ѝ требаше толку време да сфати, а започна да ѝ испраќа пораки веднаш штом стана јасно дека разводот е неизбежен. Подготвен е да се сретне со неа штом таа тоа го посака тоа и тој е убеден дека тоа ќе се случи наскоро“, тврди извор близок на раперот.
Дрејк и Канје веќе имаа вербални судири, а најмногу беа поврзани токму со Ким. Фановите веруваат дека Дрејк алудирал во неколку свои песни дека имал сексуални односи со Ким, а на Канје не му се допаѓало тоа што тој никогаш не го негирал тоа.