Ким Кардашијан веќе шета со ново момче – репортер на Си-Ен-Ен

од Stefanija Kuzmanovska
445 прегледи

Се погласни се гласините дека Ким Кардашијан и Ван Џонс од неодамна се во врска. Риалити вездата наводно започнала романса со политичкиот репортер на Си-Ен-Ен за време на бракоразводната парница која ја води во моментов со раперот и моден дизајнер Канје Вест.

Ким и Ван се блиски пријатели со години, а нивната наводна врска ја подели јавноста – некои се пресреќни и веќе ја слават нивната љубов, иако има и такви кои сметаат дека членот на кланот Кардашијан го користи славниот водител за да ја зацврсти својата понатамошна политичка кариера.

Риалити вездата, всушност, се подготвува за правосуден испит затоа што сака да стане адвокат, па многумина се сомневаат во искреноста на нејзиното дружење со Џонс.

„Прво ја видовме како го користи Канје за да напредува во модниот свет, а сега Ван Џонс ѝ помага да напредува во правните кругови …“, стои во коментарите на Твитер.

Слични содржини