Ким Кардашијан во центар на скандал поради ново порно видео

од Nikola Popovski
699 прегледи

Продолжувајќи ја драмата на бившите сопружници Ким Кардашијан и Канје Вест, контроверзниот рапер тврди дека ја спасил ријалити ѕвездата од „јавен срам“, бидејќи на крајот на 2021 година успеал да дојде до ново порно видео од нејзиното поранешно момче Реј Џеј, кој првично го објави нејзиното прво домашно видео.

За време на интервјуто за „Hollywood Unlocked“, Канје Вест изјави дека е разочаран од однесувањето на поранешната сопруга, и дека се чувствува изневерен.

„Не можам да верувам дека таа го бакна своето ново момче на телевизија истата вечер, кога летав неколку часа за да стигнам до лаптопот во кој се наоѓа нејзиното необјавено порно видео. Ја спасив од нов јавен срам, а таа ми заби нож во грб“, изјави Канје во интервјуто.

Тој тврди дека следниот ден го однел лаптопот во куќата на Ким Кардашијан, а таа плачела од среќа кога сфатила дека медиумите нема да стигнат до него.

Претставничката за медиуми на Ким Кардашијан, пак, вели дека вакво нешто никогаш не се случило и дека нема порно видео кое јавноста веќе го нема видено.

„Ким стои зад тоа што нема ново порно видео. Првичната снимка која беше објавена е објавена многу одамна. Таа сака да ги остави тие настани зад себе и да продолжи, а би сакала луѓето да внимаваат на нејзината работа во областа на човековите права и каква мајка е таа“, вели нејзиниот портпарол.

Слични содржини