252
Во 12-тата сезона на „Американската хорор приказна“ ќе глуми и Ким Кардашијан. Иако со години е пред камерите, Ким посериозно се подготвува за оваа улога.
„Почнуваме да ги снимаме моите сцени на крајот на овој месец. Но, продукцијата веќе започна и јас сум многу возбудена“, изјави таа за Variety.
„Навистина е забавно да излезете од вашата комфорна зона, да пробате нешто ново и да растете. Возбудена сум поради тоа искуство”, додаде таа.
На прашањето дали зема часови по глума, Ким одговори:
„Да, секако. Тоа е предизвик, а јас сакам да се предизвикувам самата себе“.