Познатите сестри Ким и Клои Кардашијан зборуваа за родителството, семејството и некои други работи во новата епизода на реалното шоу „The Kardashians“, а особено изненадија со коментарите поврзани со поранешниот сопруг на Клои, Тристан Томпсон.
Имено, познато е дека Томпсон ја изневеруваше Клои повеќе пати, поради што се разведоа и тоа непосредно пред да го добијат второто дете со помош на сурогат мајка.
Имено, Клои го коментираше фактот дека Тристан и неговиот помал брат, откако нивната мајка почина, сега живеат со неа додека нивниот дом се реновира, пренесува „Пипл“.
„Дефинитивно се чувствувам преоптоварено и понекогаш сум под стрес, но не сум јас таа што поминува низ најголем дел од болката овде“, рече Клои.
Нејзината сестра не штедеше пофални зборови за поранешниот зет.
„Знам дека ќе ме мразите поради ова или ќе мислите дека на Клои не ѝ е грижа. Тоа е лудо затоа што Тристан е толку добар пријател и добар татко, но едноставно не можеше да се прибере во таа област за да биде верен дечко“, рекла Ким и истакнала дека Томпсон најмногу ѝ помогнал по разводот од раперот Канје Вест.
„Тој беше тука за мене кога се разведов од Канје. Кога ме виде како се борам со децата, се вклучи. Почна да се појавува на нивните игри, да ги зема, да ги носи на вечера и секогаш ќе застане во моја одбрана, особено ако е во прашање нешто помеѓу поранешниот и мене. Тоа никогаш нема да го заборавам“, рекла Ким и додала:
„Никогаш нема да го отфрлам“.