За многу фанови на „Сексот и градот“, Ким Катрал беше дефиниција за гламур. Така, можеби е соодветно нејзиниот следен телевизиски проект да се нарекува „Glamourous“, серија на „Netflix“ во која Катрал ќе глуми шминкерка.
„Glamourous“, кој беше нарачан како пилот во 2019 година, ја раскажува приказната за Марко Мехиа (го игра актерот, пејачот и Јутјубер Мис Бени), хомосексуалец кој оди на работа кај козметичката кралица на хероината на Катрал – Медолин Адисон. Серијата зборува за Марко, кој треба да разбере што сака од својот живот и што навистина значи да се биде геј.
„Нетфликс“ нарачува 10 епизоди од серијата. Снимањето на проектот ќе започне во Торонто во јули.
Сценарист и извршен продуцент на продукцијата е Џордан Нардино, а Дејмон Вејанс Џуниор и Камерон Тарлоу од „Two Shakes Entertainment“ се исто така извршни продуценти. Продуцент е и студиото CBS.
Катрал доби пет номинации за Еми за улогата на Саманта Џонс во „Сексот и градот“, но се повлече од актерската екипа откако го одби сценариото за третиот филм во 2017 година.
„Голема мудрост е да се знае кога е доволно“, изјави Катрал за списанието Variety.