Ким Катрал ќе се врати во улогата на Саманта во втората сезона на „And Just Like That“

од Stefanija Kuzmanovska
490 прегледи

Актерката Ким Катрал ќе се врати во улогата на Саманта Џонс во втората сезона на „And Just Like That…“, спинофот на култната серија „Сексот и градот“, но само во една сцена.

Variety пишува дека условот на Катрал за да се појави во финалето на сезоната бил да ги снима своите реплики без контакт со остатокот од актерската екипа, која ја сочинуваат Сара Џесика Паркер (Кери Бредшо), Кристин Дејвис (Шарлот Јорк) и Синтија Никсон (Миранда Хобс).

Катрал ја снимила сцената на 22 март во Њујорк, а костимографката Патриша Филд, која се прослави со креативните комбинации што ги носеа хероините во оригиналната серија, ја облече актерката за оваа сцена.

Саманта, која се пресели во Лондон, ќе разговара со Кери, но нема планови за дополнително развивање на ликот.

За потсетување, Катрал уште во 2016 година објави дека повеќе нема да ја игра Саманта Џонс откако го прочитала сценариото за третиот дел од „Сексот и градот“. И покрај бројните покани од продукцијата да се приклучи на серијата „And Just Like That…“, таа до сега даваше отпор.

Слични содржини