Ким Катрал позираше во долна облека на 67 години и ги воодушеви сите (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
332 прегледи

Актерката Ким Катрал се прослави со улогата во познатата серија „Сексот и градот“, каде ја толкуваше атрактивната Саманта.

Познатата актерка е ѕвезда на новата кампања на брендот „Скимс“, а беше модел и за новата колекција на долна облека.

Ким Катрал покажа дека и на 67 години е во одлична форма, а покажа и линија на која ќе ѝ позавидат многу помлади колешки.

Таа за кампањата носеше три комбинации на облеки и фустани од дизајнерката Ким Кардашијан.

За многумина омилената членка на познатата четворка од серијата „Сексот и градот“ не ги криеше своите несовршености, туку гордо ја покажа својата фигура додека позираше во долна облека во боја на песок, црни комбинации и црни потпетици.

Ким Катрал последните неколку години живее меѓу Ванкувер и Њујорк, а на овој проект соработува со многу големи ѕвезди.

Слични содржини