Ким Катрал позираше во костим за капење на 65-годишна возраст (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
457 прегледи

Актерката Ким Катрал се прослави со улогата во серијата „Сексот и градот“, каде ја глумеше легендарната Саманта. Таа е една од ретките актерки која не направила естетски корекции на себе.

Таа на многумина им беше омилена хероина, а нејзините реплики се уште ги цитираат многумина на социјалните мрежи. затоа многу фанови на Саманта се разочараа кога слушнаа дека Ким Катрал нема да глуми во неодамна снименото и прикажано продолжение на оваа серија наречено „And just like that“.

Ким е една од ретките холивудски актерки која не направила естетски интервенции на себе, а сега тоа го докажа позирајќи во костим за капење.

Очигледно е дека сè на неа е природно, а Катрал доби само комплименти на сметка на својот изглед на 65-годишна возраст.

„Тука нема што да видите. Продолжете“, напишала Ким во описот на фотографијата.

Слични содржини