Ким Кардашијан објави фотографија на која позира со своите деца и Канје Вест со кого е во процес на развод. Токму на тој начин таа му го честитала роденденот на раперот, а пораката што стои покрај сликата ги збуни нејзините обожаватели.
И покрај брачните проблеми што ги имаат и претстојниот развод, Кардашијан му го честиташе роденденот на раперот и истакна дека ќе го сака таткото на нивните деца до крајот на животот.
„Среќен роденден, ќе те сакам цел живот“, стои во пораката на Ким.
За само пет часа од објавувањето, сликата им се допаднала на повеќе од три милиони луѓе, а илјадници од нив не кријат во своите коментари колку се збунети со новата објава.
Да потсетиме, Ким поднесе барање за развод на почетокот на оваа година. Канје наскоро се преселил на имотот Војмингтон, додека Ким останала со децата во Хиден Хилс. Тие се согласиле да продолжат заедно со воспитувањето на нивните четири деца.
И покрај брачните проблеми што ги имаа ријалити-sвездата и раперот, нејзината сестра Клои покажала дека тоа не им го уништило пријателството, и му испратила најдобри честитки.
„Среќен роденден на мојот брат за цел живот“, напишала Клои и додала:
„Ти посакувам најдобар роденден. Ти испраќам бескрајна љубов и многу благослов“!
Пораката беше придружена со фотографија на која тој го гушка својот партнер Тристан Томпсон, а покрај нив се Ким и Канје. Очигледно е дека фотографијата е направена на роденденот на Ким минатата година, кога оваа двојка сè уште беше вљубена.